Вархеји: Блокадата на Бугарија не е вето, работата и понатаму е во тек

од Nikola Popovski

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји верува дека е можно оваа година Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ, пренесува „РСЕ“.

Според него, неодамнешната блокада од Бугарија за преговарачката рамка за Македонија, тој не ја смета за вето.

„Јас тоа не го нарекувам вето. Повеќе сметам дека работата и понатаму е во тек. Работиме со нашите бугарски колеги за да се обидеме да пронајдеме решение. Мислам дека е можен договор за да можеме да организираме прва меѓувладина конференција веќе оваа година“, изјавил еврокомесарот пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес изјавил дека се подготвени да ги продолжат разговорите за интеграцијата на Република С. Македонија, но ,според него, потребна е поголема посветеност од другата страна.

Слични содржини