Вархеји очекува С. Македонија да ги отвори пристапните преговори со ЕУ во наредните денови

од Nikola Popovski

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, денес говорејќи пред членовите на Европскиот парламент и парламентите на земјите на патот кон членство во ЕУ, рече дека во сегашниот „променет геополитички контекст“, Западен Балкан „останува приоритет за ЕУ“.

Тој изразил очекување дека Скопје и Тирана „во наредните денови“ ќе ја одржат Првата меѓувладина конференција со ЕУ и ќе ги отворат пристапните преговори.

-Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните чекор. Имам големи надежи дека меѓувладината конференција со Албанија и Северна Македонија може да се одржи за неколку дена. Овие земји испорачаа сѐ е што е побарано од нив. Тие се подготвени, треба и ние да бидеме. Имаме решение на маса кое е одобрено од бугарскиот парламент. Сите пречки се надминати, потенцирал Вархеји од ЕП.

-Ние сме посветени, повеќе од кога било, да го внесеме целиот регион во ЕУ. Сега е поважно од кога било да работиме на тоа не само брзо, туку со сета посветеност и волја, посочил Вархеји.

Слични содржини