Василевска: СДСМ да кажат што виделе спорно во предлог Декларација за Гоце Делчев

од Берта Китинска

СДСМ да кажат што виделе спорно во предлог Декларација која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДСМ треба да каже дали за нив е спорно во училиштата да се спроведат активности со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Гоце Делчев, или тоа што се повикува Институтот за национална историја и МАНУ да организираат научни собири, или пак повикот до медиумите со пригодни содржини да го одбележат јубилејот од 150 години од раѓањето на Гоце Делчев?“ праша професорката Василевска.

Според неа, ниту еден аспект од Декларацијата не е спорен и има за цел да ги обедини сите чинители во општеството околу значењето на ликот и делото на Делчев во револуционерната борба за македонска државност.

„ За жал, не само што не се обедини, туку и го дели народот по оваа тема. Тоа отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски преговара за Гоце Делчев, а со тоа и за целокупната револуционерна борба за македонска државност.

Слични содржини