Василевска: Сите парламентарни и вонпарламентарни партии да ја поддржат Декларацијата за Гоце Делчев

од Vladimir Zorba

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска на денешната трибина во централниот партиски штаб, насловена „Гоце е Македонија“ посочи дека по повод 150 годишнината од раѓањето, ВМРО-ДПМНЕ до македонското Собрание да поднеле Декларација за Гоце Делчев, чиј што лик и дело е најактуелно во последниот период, особено во преговорите со нашиот источен сосед, Република Бугарија.

Декларација, според неа, која треба да биде точката да обединување на политичките партии во македонското Собрание, така и со вонпарламентарните партии.

„Нашата Декларација токму произлегува и од таа намера. Генералниот секретар на партијата, професорот Сајкоски во име на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, но и со апел до сите останати политички структури во, но и надвор од Собранието на Република Македонија, побара да ставиме црвена линија и да поставиме еден праг од каде што нема да може да се пречекорува во ниедна смисла и без оглед кој ќе ја води власта во државата“, рече Василевска.

Слични содржини