Вчера вакцинирани 12.939 граѓани, вкупно аплицирани 920.442 дози вакцини

од Vladimir Zorba

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани, соопштија од МЗ.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани.

Што се однесува до оние кои ја примиле првата доза вакцина, 64% се над 70 години, 62% над 65 година, 57% над 60 години и 45% од населението над 50 години.

Слични содржини