Вељаноски: Демократијата е скапа играчка, нема економска оправданост за толкав број на потпретседатели

од Берта Китинска

Поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, се огласи преку својот Фејсбук профил во врска со закажаната денешна седница за бројот на потпретседатели во Собранието, иформирајќи ја јавноста за тоа како било за време на претходната власт и како е сега.

„Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.

Во време на претходната власт:

2006-2008 година – 3 потпретседатели
2008-2011 година – 3 потпретседатели
2011-2014 година – 3 потпретседатели
2014-2016 година – 3 потпретседатели
За време на сегашнава власт:
2016-2020 година – 5 потпретседатели
2020-2024 година – 5 потпретседатели

Примери во други држави:

– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател
– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели
– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели
– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели
– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели

Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија !!!!!!!!!Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието“, напиша Вељаноски.

Слични содржини