Вељаноски: ДИК да им овозможи на граѓаните да гласаат на избори

од Vladimir Zorba

Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање. Согласно чл.22  од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен, вели во дописот до медиумите поранешниот спикер на Собранието, Трајко Вељаноски.

„Сите документи ( лични карти, пасоши ) служат само за индетификација на личноста а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите ( наспроти измените на законите )  каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.

Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот“, додава тој.

Слични содржини