Велковски: Изгласувањето на пакет мерките за финансиска поддршка опозицијата го претвори во борба за власт

од Viktor Jovanov

Пратеникот од СДСМ, Диме Велковски во денешната емисија Топ Тема изјави дека изгласувањето на пакетот мерки во кој е предвидена финансиска поддршка за граѓаните, опозицијата го претворило во класична борба за власт. Тој јавно го повика ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата од албанскиот блок на дијалог за следниот, шести пакет мерки за финансиска поддршка на граѓаните.

-Зошто до сега опозицијата не поднесе интерпелација на Владата. Само кажуваат дали имаме мнозинство поради ситуацијата или не. Ќе продолжиме со носење на мерките за граѓаните. Јавно ја повикувам опозицијата на дијалог за шестиот пакет, во кој како и до сега предвидени се финансиски средства. До сега ниту владата е среќна ниту граѓаните со оваа пандемија, но треба да разговараме за да им помогнеме на граѓаните со финансиска поддршка. За жал ова се претвори во класична борба за власт, рече Велковски.

Слични содржини