Верижен судир во Кина, учествувале околу 200 возила (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина во верижна несреќа во која учествуваа околу 200 возила на автопат во централниот кинески град Женгжу, објави денеска државната телевизија CCTV.

Снимките од воздух покажуваат патнички автомобили, комбиња и камиони натрупани на еден дел од автопатот во густа магла.

Други видеа објавени на интернет покажуваат оштетени возила како се судираат едно во друго.

До несреќата дошло поради слаба видливост од магла, јавија државните медиуми.

„Во средата наутро имаше ненадејно спуштање на магла на мостот на Жолтата река во Женгжу, што предизвика сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе возила“, изјавија властите во Женгжу, цитирани од CCTV, додавајќи дека едно лице загинало.

Голем дел од повредените останале заробени во своите возила, а противпожарната служба испратила на помош 11 противпожарни возила и 66 спасувачи, јавуваат државните медиуми.

Слични содржини