Весели се опорави од корона: Не беше лесно

од Aleksandar Petrovski

Демократската партија на Косово (ДПК) објави денеска дека нејзиниот претседател Кадри Весели се опоравил од ковид-19 и дека, откако бил во самоизолација, тој се вратил во својата секојдневна работа во партијата.

Се додава дека Весели ги повика граѓаните да носат заштитна маска, да го почитуваат растојанието и да одржуваат хигиена на рацете.

„Благодарам на сите што беа со мене во овој период. Немав сериозни симптоми, но ситуацијата со самоизолација не беше ни лесна “, рече Весели, пренесува Косово онлајн.

На 23 јули, Кадри Весели на својот Фејсбук профил изјави дека бил известен од Институтот за јавно здравје дека е позитивен за коронавирусот.

„Јас сум во добра здравствена состојба и ќе останам во изолација до целосно закрепнување“, напиша Весели и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за превенција.

Слични содржини