Вештачката интелигенција би можела да укине 7,9 милиони работни места во Британија

„Генеративната вештачка интелигенција може да доведе до големи потреси на пазарот на труд или да поттикне економски раст, и во секој случај ќе ги промени животите на милиони луѓе,“ рече вишиот економист на ИППР, Карстен Јунг.

од Бети Божиноска

Развојот на вештаќката интелигенција би можел да доведе до укинување на речиси осум милиони работни места во Велика Британија, а најзагрозени категории се жените, помладите работници и послабо платените вработени, се наведува во новиот извештај на Институтот за истражување на јавните политики (ИППР), пренесува „Гардијан“.

Институтот исталнуца дека воведувањето на новите ВИ-технлогии во следните три до пет години, според ‘најлошото можно сценарио’, најмногу ќе ги загрози работите со скратено работно време, почетничките позиции и административните работи.

Голем број компании во Обединетото Кралство прифаќаат генеративни технологии со вештачка интелигенција кои можат да читаат и креираат текст, податоци и софтверски код, за да ги автоматизираат секојдневните задачи на работното место.

Анализирајќи 22.000 задачи во економијата кои покриваат секаков вид работа, ИППР вели дека 11 отсто од задачите што моментално ги извршуваат работниците се изложени на ризик. Ова во вториот бран може да се зголеми на 59 отсто од задачите како што се развиваат технологии за да се справат со сè покомплексните процеси.

Вештачката интелигенција веќе може да замени некои работници кои извршуваат рутински задачи, на пример во администрацијата, а технологиите со вештачка интелигенција подоцна би можеле да извршуваат посложени задачи како што се создавање база на податоци, пишување текстови или графички дизајн.

ИППР, исто така, објави „најдобро можно сценарио“ за усвојување на вештачката интелигенција, според кое британската економија би можела да порасне за четири отсто, или за 92 милијарди фунти годишно, притоа зачувувајќи ги сите работни места.

„Генеративната вештачка интелигенција може да доведе до големи потреси на пазарот на труд или да поттикне економски раст, и во секој случај ќе ги промени животите на милиони луѓе,“ рече вишиот економист на ИППР, Карстен Јунг.

Сепак, тој додаде дека „технологијата не е судбина“ и дека владите на земјите, работодавачите и синдикатите имаат можност сега да донесат клучни одлуки за добро управување со вештачката интелигенција.

„Ако не реагираат наскоро, можеби ќе биде предовна,“ заклучува Јунг.

 

Слични содржини