Вето нема да има, порача Ковачевски

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски уште еднаш повтори дека Македонија преговара со ЕУ за членство, а не со Бугарија.

Ние имаме изградено институции за остварување на правата на помалите заедници во делот на нивното рамноправно учество во јавната управа и употребата на јазиците. тоа се однесува на сите. Барањата на било кој политичар во тој дел за нас не претставува никаков проблем, со оглед дека правата кои ги имаат сите поединци и групи во оваа држава кои што не се дел од мнозинството, се на многу повисоко од голем број држави во Европа, па и членки на ЕУ. Бугарија не би ја коментирал бидејќи тие се наоѓаат во избори и секој дава избори, за да собере некој глас плус. Кога ќе завршат изборите кај нив, ќе воспоставиме со институционалната комуникација со новата влада, рече премиерот Димитар Ковачевски како реакција на денешното ново вето најавено од бугарскиот претседател Румен Радев.

Премиерот е јасен дека вето нема да има.

-Ние веќе ги отпочнавме преговорите со ЕУ, рече Ковачевски.

Слични содржини