Viber ги отстрани стикерите со ликот на Веља Невоља

од Vladimir Zorba

Слики со ликот и пораки на уапсениот Вељко Беливук неодамна се појавија во продавницата за стикери на апликацијата Viber, кои корисниците можат да ги преземат. Ова предизвика голем шок кај корисниците во Србија, имајќи предвид дека станува збор за група која е осомничена за најтешки кривични дела, по што се огласи и Viber, нагласувајќи дека споменатата несоодветна содржина е „отстранета“.

Станува збор за содржината со пораките на уапсените лица, која е бесплатна и може да ја преземе секој, па дури и малолетници кои ја користат оваа апликација за комуникација. Стикерите наводно биле објавени на Viber во понеделникот, но апликацијата ги отстранила денес.

Да потсетиме, групата на Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, беше уапсена во голема акција на Министерството за внатрешни работи на Србија и БИА на почетокот на февруари годинава.

Членовите на оваа група беа уапсени на 4 февруари и тие се осомничени за најтешки кривични дела, вклучувајќи убиства, киднапирања и изнудувања.

Слични содржини