(ВИДЕО) Физички напад врз Бислимовски на „Боемска“

од Nikola Popovski

Утрово беше објавено дека се случил физички напад на улицата „Боемска“. Дојче Веле објави дека Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Очевидци на настанот велат дека Џафери седнал на масата на која се наоѓал Бислимоски во еден скопски ресторан и по неколку минутен разговор физички се пресметал со него.

Аријанит Џафери најпрво барал објаснување од Бислимоски зошто Комисијата за енергетика започнала постапка за одземање на лиценцата на неговата фирма, а потоа и физички го нападнал.

Полицијата против Џафери ќе поднесе пријава за кривично дело насилство, а за случајот е известен и јавен обвинител.

Слични содржини