ВИДЕО од шумскиот пожар во Турција: Туристите ја снимаат огнената стихија

од Stefanija Kuzmanovska

Страшно видео од шумски пожар, кој вчера околу пладне го зафати југот на Турција во близина на Анталија и летувалиштето Сиде, се споделува на социјалната мрежа Твитер.

Според последните информации, бројот на загинати се искачи на четири, соопштија турските власти. Населението вчера беше евакуирано.

Снимката од пожарот, која зафати голема површина шума, зад хотелскиот комплекс, предизвика страв кај многу луѓе што го видоа.

Слични содржини