„Помеѓу Амел и икс фактор одамна стои знакот за еднаквост“ беа зборовите со кои неговиот ментор, Масимо, го најави првиот настап на единствениот кандидат од неговата група.630755_x-faktor-9-control-2-foto-promo_ff (1)

Амел ја отпеа песната „It’s my life” од Бон Џови.

„Ти многу добро знаеш што правиш, и на сцената делуваш сигурно како да ова е твоја сцена“- рече Александра.

По првата елиминациона фаза, втората песна со која Амел се претстави беше „Све је то лошег вина“. По настапите на четворицата, Боби и Амел останаа да се борат за победата во третата последна фаза.

За последниот настап во суперфиналето Амел се одлучи за песната  “Да те богдо не волим” на  “Bijelo dugme”.  Амел уште еднаш го покажа својот раскошен талент, а жирито беше повеќе од задоволно. Амел, кој пред 11 години еднаш победил на талент шоу, призна дека сонувал за овој момент.

По примањето на наградата од 20.000 евра, Амел откри и една необична тајна која веројатно му донела среќа во натпреварот, покрај неговиот неспорен талент и харизма.

https://www.youtube.com/watch?v=Wf31jzyy7Kk

 

https://www.youtube.com/watch?v=ZNjVTAfgZfc

Слични содржини