ВИДЕО: Руска ракета падна меѓу два автомобила на автопат во Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца украински возачи имаат среќа што останале живи откако биле оддалечени неколку сантиметри од балистичка ракета која паднала директно на нивниот автомобил додека возеле на автопат во Киев.

Нападот се случи во понеделникот кога руските балистички ракети го нападнаа главниот град на Украина, неколку часа по вообичаениот ноќен налет на беспилотни летала и крстаречки ракети врз градот.

На тој ден, руските сили истрелале 11 балистички и крстаречки ракети кон Киев околу 11:30 часот, изјави началникот на украинскиот Генералштаб Валериј Залужни. Сите, рече тој, се соборени, а на синото небо над градот од нивото на улицата се гледаат облаци од бел чад.

Остатоци од пресретнати проектили паднале во текот на утрото во централните и северните области на Киев, при што паднале среде сообраќај на градски пат и исто така запалиле покрив на зграда, соопшти воената управа на Киев.

На видеото се гледа како проектилот паѓа на сред пат, за влакно избегнувајќи два автомобили, пренесува „Кликс“.

Слични содржини