ВИДЕО: Семејство од Тексас во последен момент побегнало од автомобил, пред во него да удри воз

од Stefanija Kuzmanovska

Петчлено семејство од Тексас се спаси во последен момент, само неколку секунди пред нивниот џип да биде удрен од воз.

Инцидентот се случил во Форни, предградие на Далас, а всушност го предизвикал возачот на теренецот, кој не успеал правилно да застане кога било вклучено црвеното светло.

Како што се приближувал возот на Union Pacific, рампата се спуштила, оставајќи го возилото заглавено на шините.

Членовите на семејството немале друг избор освен да побегнат од теренецот пред да удри возот во нив.

На видеото се гледаат мајката и ќерката како панично трчаат од шините, а по нив таткото, кој исто така се спасува од возот што доаѓа.

Во џипот имало вкупно пет членови на семејството и сите успеале да ја избегнат смртта.

Слични содржини