Актуелно
Почетна / TOP NEWS / (ВИДЕО) Шешељ објасни како Праљак го внел отровот во зградата на Хашкиот трибунал и потоа го испи

(ВИДЕО) Шешељ објасни како Праљак го внел отровот во зградата на Хашкиот трибунал и потоа го испи

Со оглед на зголемените безбедносни мерки во зградата на Хашкиот трибунал, прашањето е како Слободан Праљак воопшто можеше да го внесе отворот во суд.

Кога слушна дека е осуден на 20 години затвор, генерал Слободан Праљак испи течност сместена во мало шишенце, потоа тој седна на столот и одеднаш доби израз на лицето кој наликуваше на болка и мачење.

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, кој исто така беше суден во Хашкиот трибунал, објасни како постои начин да се внесе отров во Судот.

Шешељ кој беше таму и ја знае постапката, вели дека има само еден начин тоа да биде направено: Кога ве водат во судот и кога ве враќаат, ќе ве пребараат добро. Чевлите ви ги соблекуваат и ве претресуваат. И се прашувам како би можел да тој тоа да го направи?

Тоа може само да се донесе ако шишето е околу гениталиите, бидејќи тој дел од телото воопшто не го проверуваат, објасни Шешељ.

Праљак е меѓу шесте хрватски политичари, кои Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија ги судеше за воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Вниманието на јавноста беше привлечено кога во 1991 година, по избувнувањето на војната, тој како доброволец се приклучил кон силите на ХВ и формира единица, составена од уметници и интелектуалци од Загреб. На 29 мај 2013 година, тој беше осуден на 20 години затвор за воени злосторства против човештвото.

loading...