ВИДЕО: Тепачка на пратениците во собранието на Косово, Курти полиен со вода

од Stefanija Kuzmanovska

На денешната седница на Собранието на Косово дошло до физичка пресметка меѓу претставниците на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии, пишуваат косовските медиуми „Косово онлајн“ и „КоССев“.

Додека Курти зборувал за планот за деескалација на Северот, му пришол пратеникот на ПДК Мергим Лиуштак и го полил со вода, пишува КоССев.

Имаше општа тепачка меѓу пратениците, оние кои дојдоа во одбрана на Курти и оние кои скокнале од другата страна.

На кратко видео од директниот пренос се гледа општа турканица во Собранието, а се слуша и кршење на стакло.

Се слуша и дека претседателот на косовското Собрание Гљаук Коњуфца повикал полиција.

Директниот пренос од оваа седница потоа беше прекинат.

Според приштинските медиуми, инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Курти.

Шефот на пратеничката група на Алијансата за иднината на Косово, Бесник Тахири, претходно ја критикуваше владата за начинот на кој управува со ситуацијата на северот.

Тој побара одговор од премиерот Албин Курти зошто досега не ги следел советите на САД.

„Несомнено, вчерашниот ден е еден од најстрашните денови во историјата на владеењето на нашата земја. Тоа е денот кога владата и ова собрание беа обземени од страв и гнев. Премиере, вчера донесовте одлука да се повлечете по четири месеци експериментирање. После четири месеци откако го ставивте Косово како најсанкционирана земја. По четири месеци загрозување на полицајците. Излезете и кажете зошто го малтретиравте народот и воведовте санкции. Авторитетот ви падна на земја вчера. Мора да излезете овде и да покажете зошто рековте не на САД, отидовте во Братислава и се снајдовте“, наведе Тахири.

Слични содржини