Виена: Зголемени патроли поради сомнеж дека се планира терористички напад

од Stefanija Kuzmanovska

Виенската полиција ги засили вооружените полициски патроли во градот, вклучително и во црквите, откако внатрешните разузнавачки служби добија информации кои укажуваат на можен напад од исламисти.

„Колку долго ќе трае оваа зголемена заштита на локациите засега не може да се процени“, напиша полицијата на Твитер.

Оттаму нагласија дека веднаш ќе издадат предупредување доколку заканата се намали на одредена локација.

Полицијата ги предупреди граѓаните за зголемен број на вооружени полициски патроли.

„Ќе забележите дека во моментов има повеќе полициски сили кои патролираат низ градот со специјална опрема. Причината е неспецифична закана за црквите. Ќе продолжиме да ве известуваме овде“, додаде полицијата на Твитер.

Објаснија дека австриската домашна разузнавачка служба има информации дека во Виена се планира напад со исламистичка позадина.

Од полицијата додаде дека превентивните мерки се вообичаени во вакви случаи.

Слични содржини