Висок процент од заразените се невакцинирани, далеку сме од колективниот имунитет

од Берта Китинска

Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти, вели министерот за здравство Венко Филипче.

„Треба граѓаните да се свесни, дека ако не се вакцинираат, може да завршат во болница и да бидат со тешки компликации. Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември. Не можеме да страдаме, ако некој не се вакцинира. Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти “, истакна Филипче.

Слаба заинтересираноста на граѓаните за вакцинирање, покажуваат податоците што ги објави Министерството за здравство.

Најмногу вакцинирани има  во Кавадарци – 43.5%, Охрид – 42.9% и Гевгелија – 41%, додека пак најмалку има во Дебар – 17.3%, Тетово – 17.1%, Кичево – 15.8%

Од минатата недела почна и вакцинацијата без закажан термин, а од вчера и имунизацијата на децата од 12 до 17 години. Од МЗ информираат дека се вакцини 500 деца. Досега вкупно 1.800 деца се пријавиле за да ја примат вакцината.

Министерството за здравство соопшти дека на територијата на цела држава една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните.

Слични содржини