Влада: 133 ресторани за свадби ги исполниле условите за грантови

од Nikola Popovski

Владата го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програма за поддршка на угостителскиот сектор во Република Северна Македонија во рамките на економските пакети за поддршка за справување со последиците од КОВИД кризата која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од  60.000.000,00 денари.

Според информацијата заклучно со 04.12.2020 година, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполнија условите од јавниот повик и беа искористени средства во износ од 55.740.000,00 денари.

Со оваа програма беа опфатени и игротеките со вкупен буџет од 153.000.000,00 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнаа вкупно 119 од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000,00 денари.

Слични содржини