Владата ја дополни поддршката на домашен туризам за работниците со ниски приходи

од Nikola Popovski

Владата ја дополни Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи со дополнителни 22.900.000,00 денари со што вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15.000.000,00 денари ќе изнесува 37.900.000,00 денари.

Со предвидената мерка ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000,00 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Република Северна Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

Слични содржини