ВМРО-ДПМНЕ бара Џафери да ја стави точката за гласање, нема 2/3 мнозинство

од desk2

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, побара од претседателот на собранието Талат Џафери да ја стави точката на гласање за измени на Уставот во согласност со Спогодбата од Преспа, за да се види дека нема 2/3 мнозинство, како што претходно објавија некои медиуми.

Тој, со сепак не целата пратеничка група зад него апелираше да не се одлага повеќе седницата која беше закажана за 12 часот, а се уште не почнала, туку веднаш да се оди на гласање.

Поминаа 19 дена од референдумот на кој народот јасно се изјасни дека нема одлука за мандат за уставни измени. Гледаме дека власта одолговлекува со седницата. Деветнаесет дена се одолговлекува точката да се стави на дневен ред за гласање затоа што владеачкото мнозинство е свесно дека за пратениците е поважно волјата на народот отколку притисиците на кои се изложени, изјави во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Антонијо Милошоски.

-Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недевањето мандат за уставни измени, рече Милошоски.

Запрашан дали е точно дека седуммина нивни пратеници ќе гласаат за уставните измени Милошоски изјави дека владечкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и самите ќе се уверат дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците да се изјаснат спротивно на волјата ана народот.

 

 

 

Слични содржини