ВМРО-ДПМНЕ бара Османи да ја презентира целокупната тендерска документација за преадаптирање на „Борис Трајковски“ за настан на ОБСЕ

од Vladimir Zorba

Бујар Османи како министер за надворешни работи на фирмата Еуровиа ДООЕЛ ќе и исплати 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Додека Османи вели дека токму оваа фирма понудила наисплатлива понуда на тендерот, оваа фирма се поврзува со ДУИ во неколку наврати, вели денеска на прес Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сопственик на Еуровиа ДООЕЛ е фирмата „Еуровиа Холдинг“, во која освен Елмедин, како сопственик се води и Елдин Адеми, прв човек на огранокот на ДУИ, во Јегуновце.

Истата оваа фирма Еуровиа, која е на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, добила други тендери во вредност од два милиони евра, еден за изградба на новата полициска станица во Аеродром, вториот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”.

Понатаму, доста интересен е фактот што токму оваа фирма се јавува како најголем донатор на ДУИ. Имено, од страна на Елмедин Адеми како донација добила 2.500.000 денари, што е три пати над законскиот лимит за донација од физичко лице, а воедно „Еуровиа“ како правно лице, на ДУИ има донирано 1.800.000 денари, во 2022-ра година“, истакна Митева.

Во интерес на јавноста, според неа, е Османи да ја презентира целокупната тендерска документација, да одговори по кои критериуми е направен тендерот и избрана токму оваа фирма и кои се обврските и услугите кои треба да ги преземе фирмата за тендер во вредност од 1,8 милиони евра.

Слични содржини