ВМРО-ДПМНЕ: Џафери го прекрши Уставот и треба да има одговорност

од Nikola Popovski

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денес реагираше на прес-конференција на премиерот Зоран Заев, кој беше запрашан дали ќе побара одговорност од претседателот Талат Џафери, за обраќањето на албански јазик во Европскиот парламент.

-Одговорот дека Талат Џафери го прекршил Уставот, но дека ќе го објасни тоа не е одговор, и треба да има одговорност, тој треба да понесе политичка одговорност. Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување. Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!, велат од партијата.

„Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Европскиот парламент и точно е да се каже дека имаше три сесии, тој на две зборуваше на македонски јазик, а на третата на албански јазик“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето околу обраќањето на спикерот во Брисел.

Според премиерот, Џафери бил испровоциран од некои поединци од Бугарија, кои што секако укажале дека ќе направат „воедно чување на нашите јазици“.

Претходно, спикерот Џафери напомена дека Уставот е флексибилен.

„ Не го прекршив Уставот и во иднина, немам предрасуди и го користам во моментот она што ми е најделотворно што ќе ја претставува државата и на оние кои им пренесувам порака од државата“, рече тој во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Наведе дека во Европскиот параламент имаат право да го користат она што го знаат најдобро, а после друго е документите официјални на кои јазици ќе се објават.

Слични содржини