„ВМРО-ДПМНЕ е партијата што ги воспеваше Михајлов, Александров и поставуваше споменици на Ќосето“

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на ликот и делото на великанот Гоце Делчев преку нивната таканаречена декларација.Декларацијата е нивно политичко подметнување со цел да се продлабочат поделбите меѓу граѓаните, велат од СДСМ во врска со предложената Декларација на опозицијата за Делчев со цел поставување на црвени линии при преговорите со Бугарија.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија која е против евроинтеграциит.

-СДСМ нема да дозволи таквиот дилентантизам и несигурност да бидат пренесени на граѓаните.Никој не заборава дека ВМРО-ДПМНЕ правеше споменици на Ќосето, дека на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други кои се спротивни на Гоце Делчев и на македонските интереси во тој период.Ваквото политичко понижување на делото на Делчев и штета на грбот на националниот интерес покажува дека нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некои други бугарски политичари кои имаат за цел градење политички кариери преку одржување на спорот помеѓу двете земји, посочуваат од партијата.

Слични содржини