ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести и СДСМ се интересираат само како брзо да организираат избори

од Nikola Popovski

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое велат дека новата лажна нормалност на Заев носи нови црни биланси. За нив, Комисијата за заразни болести и СДСМ се интересираа само како брзо да организираат избори, граѓани во Македонија се разболуваат и умираат.

„Додека тие работеа по диктат на Заев како да го спасат од убедлив пораз, бројката на заразени и починати уште повеќе се зголемува. За последните 4 дена имаме 150 нови заболени и 15 починати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За нив, целиот регион има исклучителен успех во справувањето со епидемијата, а Македонија се претвора во балканска Ломбардија.

„И покрај ваквите црни биланси Заев и СДСМ се уште се однесуваат неодговорно и ноншалантно и се уште прв приоритет им се изборите, мислејќи дека така ќе има мала излезност и нивниот пораз нема да биде катастрофален“, продолжуваат од опозициската партија и дополнуваат:

„Народот ќе го казни Заев за овие три години во кои видовме целосна неспособност, криминалитет, корупција и хибриден режим на власта и од тоа Заев нема да избега“, се вели во соопштението.

Слични содржини