ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се носи кон економска депресија

од desk2

 

СДСМ својата неспособност на економски план се обидува да ја прикрие со штетни договори и капитулација на сите страни. Огромната нула на економски план не може ниту еден капитулантски договор да ја прикрие. Нула проценти раст на БДП за 2017 година, и очаен раст од 0,1 процент за првиот квартал од 2018 година е резултатот од неспособноста на црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски работат единствено за сопствените бизнис интереси и интересите на олигарсите кои се стекнаа со огромен капитал на грбот на граѓаните за време на криминалната транзиција повторно дело на СДСМ.

„Стравот кај граѓаните е реален, а се враќаат спомените од мрачните 90-ти кога илјадници граѓани остана без работни места и беа доведени на работ на егзистенцијата. Повторно се склучува договор со Грција со кој Македонија повторно губи и повторно тоа го прави влада на СДСМ. Секојдневно во медиумите може да прочитаме вести за стечајни постапки на фирми кои до пред една година успешно работеа, исто како во време на транзиција. Додека за сето тоа време кланот Заеви ги брои милионите на своите сметки“, се вели во партиското соопштение.

Заклучуваат дека економијата е руинирана, ништо од ветувањето на СДСМ за 500-тини евра просечна плата, ништо од враќањето на парите кај граѓаните, поврат на ДДВ нема, единствено нешто што е сигурно е тоа што ќе бидат зголемени давачките на граѓаните кон државата. Даноците ќе се зголемуваат, акцизата веќе се зголеми, а куповната моќ на граѓаните е во континуиран пад.

Слични содржини