ВМРО-ДПМНЕ не е против внесување на Бугарите во Уставот, но има други проблеми во Договорот,вели Мицевски

од Берта Китинска

Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во интервју за РСЕ.

Тој појаснува дека неговата партија не е против „Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот“.

– Меѓутоа ние не завршуваме тука со проблемите, еве со отворање на Уставот и внесување на Бугарите, ние имаме одредена преговарачка рамка, каде што билатерален проблем, којшто се појави годиниве од потпишувањето на тој фамозен Договор со Бугарија за добрососедство и соработка се јавува како проблем, вели тој.

Слични содржини