ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот, но ќе разговара за предлогот доколку добие покана од Владата

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи отворањето на Уставот, за во него да бидат внесени Бугарите, што е обврска која ја презела македонската страна во преговорите со Бугарија, изјави синоќа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според него ова барање е едно од серија барања на Бугарите.

-Гледаме дека Бугарија отиде во својата екстремна позиција, дека се бара да направиме, пред да има почеток на преговорите, без никаква гаранција дека нема да добиеме 20 вета во текот на преговорите и никогаш да не ги завршиме, рече Николоски.

Тој посочи дека доколку добијат покана од Владата ќе разговараат за предлогот.

-Секогаш сме спремни да разговараме во корист на македонските интереси. Да видиме како ќе оди. Доколку успееме да убедиме било кого да не се прифати овој предлог и да не нарушат нашите позиции, ние ќе сме среќни да го направиме тоа. Ние не сакаме овој предлог да помине затоа што е штетен, додаде Николоски во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини