ВМРО-ДПМНЕ се залага за носење на Законот за легализирање на дивоградбите

од Vladimir Zorba

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на „ТВ21“ изјави дека и опозицијата има заложба во носењето на Законот за легализирање на дивоградбите.

Николоски смета дека со овој закон, легализација ќе има само за оние градби кои се наменети за живеење, а не на деловни објекти, хотели или објекти со кои се прави профит.

„Ова е заложба на ВМРО-ДПМНЕ долг период. Од причина што во Македонија многу се градело неплански, а во деведесетите не беа носени урбанистички планови, а на луѓето им треба легализација. Смислата е да се легализираат објектите кои не се за комерцијална употреба. Дел од овој закон не се згради, деловни објекти, хотели и такви кои прават профит, туку за живеење. Општината не носи брзо детални урбанистички планови, едноставно да го имаат тој имотен лист, да си земат кредит, тоа беше духот на законот“, рече Николоски.

Слични содржини