ВМРО-ДПМНЕ веќе има одбрано 15 имиња на кандидати за локалните избори

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека веќе имаат одредено 15-ина имиња на кандидати за градоначалници.

-За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември, истакна Мицкоски во дневникот на ТВ Сител.

Тој оцени дека по изборите ќе се сменат многу работи на политичката сцена.

-Актуелните 15 имиња, дополни, се сериозни фаворити зашто во споредба со потенцијалните кандидати од СДСМ се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа, рече Мицкоски, ќе бидат победници.

Слични содржини