ВМРО-ДПМНЕ: „Заев, вторпат амнестиран политичар за криминал“

од desk2

Ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев не ја изненади опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека очекувале ваков потег на судот со оглед на тоа што Заев се заканил со генерален реизбор на судии како дел од реформите во правосудството. Опозицијата посочува дека ако се очекувала ослободителна пресуда во „Поткуп“, во „Тенк“ сега во среда се очекува осуда за поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Денешната судска пресуда не е правда. Денешната судска пресуда е неправда. Со денешната пресуда на дело се потврди неказнивоста на власта. Пораката што денеска се испрати гласи: Законите не важат за СДСМ, нивните функционери слободно може да бараат поткуп и да тонат во корупција. Пораката што денес се испрати е дека судот е политичка алатка за пресметка на СДСМ со неистомислениците“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини