ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев доби аплауз?

од Nikola Popovski

Aплаузот за Заев е доказ оти тие околу него се отсутни од реалноста. Се прашуваме за што му аплаудираат, за инфлацијата, за поскапувањето на струјата, за пожарот во РЕК Битола или тоа што нема струја или за тендерите со кои партал ја направи државата? Дали можеби му аплаудираа на Заев за немањето одговорност за 14-те изгорени во моуларната во Тетово или за 500 заболени од ковид дневно и што сме со во врвот со највисока стапка по починати во светот? Дали му аплаудираа на Заев за тоа што сме најлоши по корупција на 111 место во светот или што сме прогласени за хибриден режим?, прашуваат од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, откако дел од медиумите објавија дека состанокот на највисоките органи на СДСМ започнал со громогласен аплауз за премиерот и претседател на партијата, Зоран Заев.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев треба веднаш да си поднесе оставка.

-Отсуството од реалноста на СДСМ се гледа и по тоа што во криза дотерани во скапи автомобили се појавија да му дадат аплауз на Заев откако ги предводеше во катастрофален пораз и бега од одговорност и ветениот збор, велат од опозициската партија.

Слични содржини