Во автобуска несреќа во Индија загинаа 16 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 16 лица, вклучително и деца на училишна возраст, загинаа денеска кога патнички автобус се излизгал од планински пат и паднал во длабока клисура во северна Индија, изјави владин претставник.

Спасувачите ги извлекоа тешко повредените од остатоците на автобусот и ги испратија во болница, изјави Ашутош Гарг, висок администратор на областа Кулу во државата Химачал Прадеш за новинската агенција Press Trust of India.

Друг функционер, Прашант Сиркек Синг, рече дека во автобусот имало околу 20 патници, пренесе АП.

Слични содржини