Во Бразил повеќе од 25.000 смртни случаи, Индијанците бараат помош

од Nikola Popovski

Коронавирусот полека се шири во областите каде Индијанците живеат во Бразил, пренесуваат странските медиуми.

Владата објавила дека досега се потврдени 40 смртни случаи од Ковид-19 меѓу Индијанците во оваа земја, а во текот на оваа недела коронавирусот одземал два животи за првпат и во резерва во областа околу реката Ксинг.

Племето Кајапо, кое живее во пределот околу реката Ксинг, еден од најголемите резервати во светот, досега има регистрирано 22 случаи на инфекција со коронавирус, а минатата недела и првите две смртни случаи предизвикани од болеста.

Лидерот на племето Кајапо, Мегарон, за АП изјавил дека сака претседателот на Бразил и другите службени лица да го спречат нелегално влегување на дрвосечачите, рударите и риболовците на територијата, за кои верува дека го шират вирусот кај припадниците на неговиот народ.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го охрабрува развојот во Амазон, без обзир на фактот дека домородните народи живеат во оваа област.

Луѓето од Кајапо сакаат да бидат изолирани

Иако бразилската државна агенција за домородни народи, ФУНАИ, издала наредба во средината на март за забрана за влез на овие територии заради вирусот, локалните медиуми објавиле дека мисионерите, здравствените работници, дрвосечачите и рударите го вовеле вирусот во оваа област.

Мегарон за АП изјавич дека неговите луѓе сега живеат во страв заради коронавирусот и истакнал дека е должна на Владата да им помогне и да ја заштитат својата земја и нивната заедница.

Луѓето од Кајапо бараат да бидат изолирани во нивното село сè додека владата не прогласи крај на епидемијата, рекол тој.

Иако владата тврди дека меѓу домородните народи на Бразил, 40 луѓе починале како резултат на Ковид-19, активистите тврдат дека реалниот број е близу 150.

Бројот на загинати е најверојатно поголем затоа што во болниците не се регистрираат пациенти кои се припадници на домородните народи под нивното вистинско име.

Во Бразил, повеќе од 25.000 луѓе починале од вирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 1.086 нови смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.

Земјата најпогодена од епидемијата на коронавирусот во Латинска Америка досега регистрирала 25.598 смртни случаи и 411.820 инфекции, пишува АФП.

Бразилската држава Сао Паоло е најпогодената област, каде од вирусот умреле 6.712 лица, а 89 483 се заразени. Во Рио де Жанеиро се регистрирани 4.605 мртви и 42.398 заразени.

Слични содржини