Во Франција протести поради задолжителната санитарна пропусница

од Vladimir Zorba

Околу 14.000 луѓе се собраа денеска низ Франција, каде што граѓаните протестираат трета недела по ред против воведувањето на задолжителна санитарна дозвола за влез во затворени јавни места, објави радиото „Франс инфо“.

Во текот на денот се планирани четири собири во Париз, од кои едниот е организиран од поранешниот екстремно десничарски пратеник во Европскиот парламент, Флоријан Филипоа.

Во француската престолнина денеска се распоредени повеќе од 3.000 полицајци.

Меѓу насобраните има претежно семејства со деца, а засега полицијата не пријавила ниту еден инцидент.

Санитарната пропусница, која вклучува доказ за вакцинација, болест од минатото или негативен тест за коронавирус, е задолжителен од 21 јули за влез во културни и забавни згради, како што се музеи, театри или кина, каде што не се присутни повеќе од 50 луѓе .

Таа пропусница ќе биде задолжителна во август за ресторани, барови и подолги патувања со автобус, воз и авион. Планирано е мерката да се воведе на 9 август.

Слични содржини