Во Франција рекордни 13.215 новозаразени од корона, 123 починале

од Vladimir Zorba

Во Франција, во последните 24 часа се регистрирани 13.215 случаи на коронавирус, што е нов рекорд по бројот на пациенти на дневна основа, објави Министерството за здравство на таа земја.

Министерството додава дека други 123 лица починале, со што вкупниот број на жртви достигна 31.249.

Тоа е најголем број на жртви забележани на дневна основа во последните три месеци, забележува Ројтерс.

Сепак, агенцијата посочува дека во четвртокот биле пријавени вкупно 31.095 жртви, што значи дека бројот на смртни случаи се зголемил за 154, што би било најголемо зголемување во изминатите четири месеци.

Според него, никој во министерството не бил достапен за коментар за можноста дека треба да се коригира пријавениот број на мртви.

Според Worldometers, досега се регистрирани вкупно 428.696 случаи на коронавирус во Франција.

Бидејќи стапката на инфекција се зголемува секојдневно, најранливите региони и градови во Франција ги засилуваат мерките.

Градот Ница ќе забрани собирање на повеќе од 10 лица на јавни простори и насилно ќе ги затвори локалите откако Марсеј и Бордо во понеделникот воведоа слични мерки.

Во регионот на Париз, каде епидемијата се влошува, здравствените власти повикаа на избегнување на собири на повеќе од 10 лица, било да се тоа родендени, семејни собири или средби на пријатели.

Слични содржини