Во Гевгелија полицијата пронашла 10 лица мигранти

од Vladimir Zorba

Во населба Караорман во Гевгелија вчера околу 12.00 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија пронашле 10 лица мигранти, од кои осум од Сирија и две од Египет.

– Полициските службеници забележале дека во патничко возило „форд мондео“ се превезуваат лица мигранти, додека во патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки се качуваат лица мигранти. Откако ги забележале полициските службеници, возилото „форд“ го напуштило местото, додека возачот на возилото „рено лагуна“ го напуштил возилото, по што во него биле пронајдени мигрантите, соопштија денеска од МВР.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно – транзитен центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини