Во Италија опаѓа бројот на хоспитализирани, Божиќ со ограничувања

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на заболени со КОВИД-19 во Италија денес се зголеми за 13.318, а уште 201 лице се префрлени на интензивна нега.

Министерството за здравство соопшти дека 601 лице починало.

Во болниците, бројот на заболени лица од ковид се опаднал под 25.000, од ​​кои 2.677 биле на интензивна нега – 43 помалку од претходниот ден.

Италијанците влегуваат во претстојните празници со многу ограничувања и веќе е забрането патување од еден во друг регион, освен за работа или лекување.

Почнувајќи од Бадник, скоро сите патувања надвор од родниот град ќе бидат забранети.

Слични содржини