Во изминатото деноноќие хоспитализирани 15, пациенти, вкупно 245 се лекуваат на инфективните одделенија

Во изминатото деноноќие, во ковид центрите во главниот град, според податоците се хоспитализирани 15 лица како компликација од Ковид 19.

Инаку, вкупно 245 лица сомнителни и потврдени слуачи на коронавирус се лекуваат во инфективните одделенија во Скопје, соопштија од Министерството за здравство.

Од ресорното министерство информираа дека во последните 24 часа, на интерните клиники имало пет приеми.

„Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат девет пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има седум пациенти“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Слични содржини