Во наредните денови ќе се знае како ќе се лигитимираат лицата во рестораните и колкави ќе бидат казните

од Берта Китинска

Во текот на следните денови ќе се донесе одлука како ќе се спроведува редарската служба и кој точно ќе лигитимираат лицата кои ќе сакаат да присуствуваат на настан на кој може да учествуваат повеќе од 30 лица, велат во изјава за „Локално“ од министерството за здравство.

-Угостителските објекти може да бидат казнети заради непочитување на мерките во делот на бројот на гости и одржување на собири на истиот начин како и досега. Казни за гости кои немаат сертификат, а се затекнати на местото како и дали ќе има за угостителите ќе се одлучува во следните денови. Во овој период ќе зајакант контролите и инспекциските служби и апелираме граѓаните да ги следат овие препораки и мерки, објаснуваат од МЗ.

Во однос на тоа какви ќе бидат санкциите за угостителите доколку инспекторите затекнат невакциниран гостин, од министерството објаснуваат дека санкциите ќе бидат исти како и досега за прекршување на мерките и протоколите за организација на настан со повеќе луѓе од дозволеното или слави и прослави.

-Што се однесува до санкции за угостителите за гости кои се затекнале без сертификат ќе се донесе одлука во следните денови, велат од надлежното министерство.

Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица.

-Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани), информираа од Владата.

Б.М.

Слични содржини