Во Охис истекла течност од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер

од Ивана Рамаданова

Вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер се изли во кругот на фабриката Охис, информираат од  Министерството за животна средина. На самото место се наоѓаат екипите на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот излевање на инспекторат за животна средина.

Од Државниот инспекторат за животна средина појаснуваат дека истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

„Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината“, инспектор кој е на терен.

Фирмата има дозвола да препакува т.н. историски отпад кој го пакува во буриња и го извезува во Швајцарија. Станува збор за отпад во количина од 60 до 70 тони

Слични содржини