Во Прилеп 251 лице се во изолација

од Берта Китинска

Во Прилеп се зголеми бројот на граѓани во изолација што во моментов не се прекршува, но ги има оние кои не го почитувале полицискиот час.

Полициски час

Според најновите информации во Прилеп, во изолација се 251 лице кои ја почитуваат мерката и се 13 повеќе од последните два дена. Со најновиот случај на заболен од коронавирус кој вчера е констатиран, вкупната бројка во Прилеп е девет лица.

Поради непочитувањето на полицискиот час синоќа до изутрината, четворица прилепчани „заработија“ кривични пријави.

Прилеп ги засили мерките за заштита, континуирано се дезинфицираат јавните површини, улиците, па и во населените места и се ставени автоматски прскачи на дезинфекциски средства на четирите влеза во градот.

Слични содржини