Во различни акции уапсени 9 лица, кај сите нив пронајдена марихуана

од Milan1

„Денес во 01.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во населба Влае го лишиле од слобода А.К.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така денес во 03.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во Градскиот парк ги лишиле од слобода И.Г.(23) и Х.К.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Вчера во 21.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода Т.А.(20) и Е.Љ.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Исто така вчера во 21.40 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Б.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 13.12.2021 во 13.30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода П.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 13.12.2021, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Велес извршиле претрес во домот на Д.П.(36) од Велес, при што била пронајдена и одземена марихуана.

На 13.12.2021, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Велес извршиле претрес во домот на И.В.(30) од Велес, при што била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.

Слични содржини