Во Русија регистриран првиот тест во светот за откривање на британскиот вид на ковид

од Stefanija Kuzmanovska

Централниот научно-истражувачки институт за епидемиологија на Федералната служба за фитосанитарен надзор на Русија (Роспотребнадзор) го разви и регистрираше првиот тест-систем во светот за откривање на британскиот вид на ковид 19, се наведува веб-страницата на Роспотребнадзор, пренесува „Спутник“.

„Новиот систем за испитување брзо го открива присуството на мутираниот вид, што се постигнува благодарение на специјалниот избор на олигонуклеотиди за ефикасно засилување на британската мутација, и е предвиден за максимална концентрација на вирусот… Со тоа се избегнуваат лажно позитивните резултати при откривање на мутации за примероци со многу големо вирусно оптоварување“, се наведува во соопштението.

Исто така, се додава дека комплетот реагенси успешно ги поминал клиничките испитувања и е регистриран за употреба во Русија, а исто така има висока прецизност, што е докажано со испитувања на клинички примероци со потврдена мутација.

„Новата технологија може да се искористи за развој на реагенси за откривање на други мутации на САРС-КоВ-2, како и други заразни патогени кои бараат брзо масовно тестирање (пандемични инфекции)“, се заклучува во соопштението.

Слични содржини