Во СДСМ нема фракции, уверува Лукаревска

од Nikola Popovski

Потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска посочи дека во моментов во владеачката партија нема поделби.

Фракцијата е посебен политички моментум. Фракции во СДСМ нема, но има различни размислувања. Тоа не значи дека некој е против СДСМ или сака да му наштети, кажа Лукаревска во емисијата „Клик плус“.

Како што тврди, во СДСМ победува дебатата и другарскиот пристап и не се исплашени од било какво функционирање надвор од партијата.

Лукаревска додава дека нејзината партија е подготвена за предвремени парламентарни избори, но прашува што би добиле со нив, кога редовните избори се следната година.

Сега треба да си ја завршиме домашната задача. Кажавме да помине првото гласање, а потоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Ние подадовме рака и сите коалициски партнери во владата претставија соодветни отстапки за да продолжи процесот, рече Лукаревска во однос на најавените уставни измени.

Слични содржини