Во Србија 11 лица почнаа од коронавирус во последниве 24 часа

од Stefanija Kuzmanovska

Во Србија во последните 24 часа, од коронавирусот починале уште 11 лица, додека бројот на новозаразени изнесува 309, објави „Нова“.

Тестирани се 8.102 лица.

Вкупниот број на жртви се искачи на 298.

Во моментов има 85 пациенти на респиратори.

Активни се 2.142 случаи.

Досега е познато дека петмина пациенти починале во Нови Пазар, тројца во Ниш и еден во Врање.

Да потсетиме, во Белград е прогласена вонредна состојба, бидејќи има најмногу заразени со коронавирус.

 

Слични содржини